Скокни до содржината
Граве Концерн

ГРАВЕ Групација

ГРАВЕ Групација - “Безбедно осигурување за сите“

Тринаесет централноевропски осигурителни друштва се доказ за меѓународна ориентираност. Стабилноста и високото место на пазарот за осигурување резултира во успех кој трае веќе 190 години.

“Безбедно осигурување за сите“ беше мотото на надвојводата  Johan во основањето на Grazer Wechselseitige во 1828 година. Од почетното осигурување за ризик од пожар, се разви меѓународен осигурителен концерн. Осигурување, финансиски услуги и недвижности се полињата на кои работи GRAWE концернот.

Grazer Wechselseitige group се вбројува помеѓу најголемите австриски осигурителни компании со годишен прилив на премија која надминува 720 милиони евра и број на договори за осигурување кој изнесува околу 3,8 милиони во целата групација. Љубезноста, советите и прилагодливоста на производите на Grazer Wechselseitige Versicherung AG се гаранција за меѓународен квалитет кој е усогласен со локалните закони за осигурување.

Финансиската стабилност на GRAWE концернот се отсликува преку сопствениот капитал, кој е далеку над пазарниот просек, како и конзервативниот пристап и политиката на вложување. Средствата кои клиентите ни ги доверуваат најчесто се вложуваат во обврзници, државни записи и депозити во банки. Ако се стават во однос капиталот и обврските, ГРАВЕ е едно од најпостојаните осигурителни друштва. И покрај тоа што е дозволено да се применува поедноставна проценка на активата на Друштвото, GRAWE концернот и понатаму согласно својот конзервативен начин на проценка на активата истата ја проценува по строгиот принцип на пониска вредност.

GRAWE согласно планот, реализира и нови проекти во областа на недвижностите и тоа во Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Македонија, што во иднина отвара нови можности за работење и понатамошно инвестирање.

Друштва на ГРАВЕ групација

1828
Österreich
1999
Zypern
1991
Slowenien
2000
Bulgarien
1993
Kroatien
2000
Rumänien
1997
Ungarn
2001
Banja Luka
1997
Beograd
2004
Moldawien
1998
Sarajevo
2004
Podgorica
1998
Ukraine
2007
Skopje
1828
Österreich
1991
Slowenien
1993
Kroatien
1997
Ungarn
1997
Beograd
1998
Sarajevo
1998
Ukraine
1999
Zypern
2000
Bulgarien
2000
Rumänien
2001
Banja Luka
2004
Moldawien
2004
Podgorica
2007
Skopje


Банки и инвестициски друштва


Друштва за изградба и управување со недвижности


Array